Екипи на ЈКП „Дервен” од Општина Велес во текот на април исчисти повеќе јавни локации и диви депонии во градот и околината.
Исчистени се Индустриската зона Речани, пристапите кон двете цркви во градот и непосредната околина како и двете диви депонии во близина на новите гробишта Раштани.
Пред и по првомајските празници без исчистени и рекреатвните места Езеро „Младост” и долниот тек на реката Бабуна. Од сите овие локации „Дервенци” собраа 160 метри кубни најрзановиден отпад кој е транспортиран и одложен на Градската депонија на Велес.
Од Општина Велес апелираат граѓаните да ја зачувуаат чиста животната средина и да не создаваат повторно диви депонии. Тие посочуваат дека дивите депонии се опасност за здравјето преку куќињата скитници и други глодари кои шират заразни болести.