Откријте дали сте нетолерантни на јаглени хидрати

За нетолеранција на глутен во последниве години многу се зборува, но и нетолеранцијата на јаглени хидрати исто така е многу честа појава.

“Станува збор за сива зона. Количината на јаглени хидрати која што одговара на метаболизмот на едно лице не секогаш мора да ги задоволи потребите на друго лице. Преку мојата работа имав многу искуство со пациенти кои проблемите со здравјето ги решија така што го ограничија внесот на рафиниран шекер и ги замениле рафинираните јаглени хидрати со намирници од цели зрна, слаток компир и свежо овошје “, изјавил д-р Френк Липман и објаснил како со одговарање на следниве прашања можете да ја проверите вашата толеранција на јаглени хидрати.

1. Дали сте се заканиле?

2. Се чувствувате ли повеќето од времето заморено, особено по оброк заситен со јаглени хидрати?

3. Дали воглавно водите седечки начин на живот?

4. Чувствувате ли дека вашиот апетит е надвор од контрола?

5. Посегнувате ли честопати по слатките и храна полна со скроб како леб, тестенини, компири и грашок?

6. Имате ли вртоглавица кога сте гладни?

7. Дали вашето ниво на шеќер во крвта е во граници на нормала?

8. Имате ли проблеми со анксиозност или депресија, проблеми со кожата, болки во зглобовите, хормонални промени или проблеми со спиењето?

“Ако одговоривте потврдно на само едно од овие прашања, обидете се 14 дена од исхраната да ги отстраните сите житарки, мешунки и зеленчук богат со скроб (морков, пченка, компир, тиква, сладок компир) и овошје. Исто така, избегнувајте шекер, дури и природни засладувачи како мед и јаворов сируп, а особено слатки газирани пијалаци. По четиринаесеттиот ден повторно одговорете на прашањата под број 2, 5, 6 и 8. Ако одговорите се промениле, најверојатно сте нетолерантни на јаглени хидрати”, објаснува д-р Липман.

Треба да знаете
Последни објави