Пакистанските власти во неделата соопштија дека ги известиле САД оти Пакистан е против било каков напад врз Иран бидејќи таквиот чин би бил деструктивен за регионалниот мир. Висок официјален претставник во пакистанското Министерство за надворешни работи изјави за „Нејшн” дека САД тврдат оти Иран ги интензивира тензиите.
Во исто време, според друг претставник, Пакистан контактирал со Иран, повикувајќи го да се воздржи за да обезбеди мир.
Тензиите меѓу Иран и САД достигнаа ново ниво откако Вашингтон ја означи Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) како терористичка организација претходно годинава, по што Иран го стори истото со Централната команда на САД.
Подоцна, американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, објави дека САД ќе распореди група за напади на УСС Абрахам Линколн во близина на Иран за да испрати јасна и непогрешлива порака до иранскиот режим оти секој напад врз американските интереси или на нивите сојузници ќе бидат возвратен со непопустлива сила.
Според портпаролот на Врховниот совет за национално безбедност на Иран, Кеиван Корасави, изјавата на Болтон била несмасна употреба на застарен настан за психолошка војна.