По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд, Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети.
Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на Општината. Сезонските работници се веќе на терен и ја чистат реката под мостот во Долно Лисиче, а во текот на денот се очекува да биде испратена и целокупната механизација со која располага Општината.
Им препорачуваме на граѓаните да ги преземат сите мерки за заштита на своите домови и да ги следат препораките на УХРМ.