Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас разбрал од шефовите на кралскиот клуб дека нема иднина за него на „Сантијаго Бернабеу”, тврди „ЕлЧирингито”, а веста беше потврдена и од „Марка”.
Од клубот се изјасниле јасно дека Костариканецот не влегува во плановите за следната сезона.
Самиот Зинедин Зидан го информирал на крајот на минатата недела и голманот на „белите” останал силно огорчен. Навас се надеваше дека ќе се натпреварува со Тибо Куртоа во новата сезона.
Во актуелната кампања, „Ел Тико” беше цврста резерва пред пристигнувањето на Зизу.
Се очекува оваа недела да биде последен натпревар на Навас во дресот на Реал.