Грејс Менг, сопругата на поранешниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеј, кој се наоѓа во затвор во Кина, изјави дека добила статус на бегалец во Франција.
Таа додаде дека одлуката на Франција го обележува почетокот на „вториот живот” за неа и нејзините два сина.
– Доколку Франција не ме заштитеше ќе бев убиена пред неколку години, рече Менг.
Адвокатскиот тим на сопругата на претседателот на Интерпол во ноември минатата година поднесе барање за добивање азил од властите во Франција, земја во која се наоѓа седиштето на интерпол.
Последниот контакт на Грејс Менг со сопругот беше пред тој да исчезне на пат кон Пекинг во септември минатата година.
Кина подоцна соопшти дека поранешниот заменик за јавна безбедност е исфрлен од владејачката Комунистичка партија и дека е обвинет за примање мито.