Шведска ќе одлучува дали повторно ќе ја отвори истрагата за Асанж

Шведскотo обвинителство денеска треба да објави дали повторно ќе ја отвори истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, по обвинувањата за силување против него од 2012 година.

Би-би-си објави дека истрагата може да биде отворена доколку адвокатот на наводната жртва поднесе барање за тоа.

Асанж ги отрфла обвинувањата, а за да избегне екстрадиција во Шведска тој од 2012 година престојуваше во амбасадата на Еквадор во Лондон. Но, Еквадор минатиот месец му го укина азилот  и Асанж беше уапсен и осуден на 50 недели затвор поради прекршување на условната слобода.

Негова екстрадиција бараат и САД каде е осомничен за објавување на доверливи воени и дипломатски докумети во 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави