Џастин Тимберлејк и Миси Елиот докторираа музика на Беркли, врачени им се дипломите

Џастин Тимберлејк и Миси Елиот ги добија своите музички докторати на престижниот колеџ Беркли, а свечената церемонија на доделување на дипломите беше одржана во седиштето на оваа музичка институција во Бостон.

Откако им биле доделени почесните докторати од областа на музиката, поп ѕвездата и рап кралицата уживале во славенички викенд со персоналот и студентите од Беркли. Тимберлејк во текот на својот говор ја забавувал публиката со шеги, но ги почестил помладите колеги и со корисни совети.

“Вам ве дефинира она што го дефинирате како неуспех. Сето тоа е дел од патувањето”, рекол популарниот пејач.

Тој на социјалните мрежи објавил фотографија со дипломата во раце, со зборовите: “Не постојат преголеми сонови. Продолжeте да ги “бркате”. Верувајте ми, јас сум доктор”.

Елиот не можела да ги сокрие солзите пред да ги сподели своите мудрости со апсолвентите на престижниот колеџ.

“Не знам ни како стојам овде, но ви благодарам на сите, му благодарам на Бога. Сакам само да знаете дека секогаш ќе има подеми и падови. Припремете се за тоа, но не се откажувајте. Да го направев тоа, не би била тука. Вие стигнавте веќе предалеку за да се откажете”, рекла Елиот.

Уште еден докторат од најпрестижната високошколска институција на светот му бил врачен и на рускиот аранжер и диригент Алекс Лакамоар.

Треба да знаете
Последни објави