Министерството за одбрана на САД пренасочило 1,5 милијарди долари за изградба на ѕидот кон Мексико од средства од програмата за модернизација на интерконтиненталните балистички ракети Минитмен-3 и за авиони, објави Вашингтон пост.
Весникот се повикува на документ во кој имале увид.
Со тие средства ќе се изградат 130 км од ѕидот и ќе бидат како расходи за борба со наркотици. Од Пентагон тврдат дека префрлањето на тие средства за друга цел нема да влијае негативно на воената подготвеност.
Во документот цитиран од Вашингтон пост се додава дека за изградбата на ѕидот ќе се користат и средства што првично биле за финансирање американски воени операции во Авганистан.
Освен тие 1,5 милијарди долари, Пентагон ќе одвои и уште 4,6 милијарди долари предивидени за програмата за изградба на воени објекти. Тој потег предизвика остро незадоволство кај демократите во Конгресот на САД.