Група бродови на руската Северна флота влегуваат во Норвешкото Море

Група бродови на руската Северна флота предводена од големиот антиподморнички брод „Североморск“ влегоа во Норвешкото Море на пат кон домашната база, објави прес-службата на флотата, пренесува ТАСС.

„ Бродот „Североморск “и танкерот „Вјазма“ влегоа во јужниот дел на Норвешкото Море и се упатија кон Североморск, главната база на Северната флота, каде што се очекува да пристигнат кон крајот од неделава, “се вели во соопштението.

На 9 мај, бродовите го преминаа каналот Ламанш, каде што екипажите изведоа митинг во чест на 74-годишнината од победата во Големата патриотска војна, соопштија од прес-службата.

За време на долгото патување, кое почна во јули 2018 година, „Североморск“ помина низ Атлантскиот и Индискиот Океан, учествуваше на Главната поморска парада во Кронштад и во заедничките вежби на Руската морнарица во Средоземното Море. Исто така, изврши голем број воено-дипломатски задачи, ги посети пристаништата во Алжир, Викторија, Пемба, Анцирарана и Џибути и учествуваше во руско-пакистанската антипиратска вежба наречена „Арапски монсун 2018”.

Бродот беше реконструиран во Севастопол од средината на јануари до почетокот на март, по што продолжи со работа во Средоземното Море.

Треба да знаете
Последни објави