Два саудиски нафтени танкери вчера биле нападнати кај брегот Фуџејре, кој им припаѓа на Обединетите Арапски Емирати. Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Халид ел Фалих изјавил дека се работи за саботажен напад, со што, според него, доведена е во прашање безбедноста на снабдувањето со светска нафта.
Саудиското министерство за надворешни работи соопшти дека нападите кај брегот на ОАЕ е опасна закана за безбедноста на пловидбата и меѓународната безбедност, пренесе Ројтерс.
Еден од двата танкери бил на пат кон пристаништето Рас Танура каде требало да земе нафта, за после да ја испорача на купувачи од државната нафтена компанија „Сауди Арамо“ во САД, рекол министерот Фалих.
Во нападит, како што објаснил Фалих,е нема повредени или истекување на нафта, но е предизвикано значајно оштетнување на структурата на танкерите.
Министерството за надворешни работи на ОАЕ вчера соопшти дека четири бродови биле предмет на „саботажна операција“ недалеку од територијалните води на ОАЕ и дека нема жртви.
Во меѓувреме, иранското министерство за надворешни работи побара разјаснување на инцидентот со саудиските танкери. Како што пренесе иранската агнеција ИРНА, портпаролот на иранското МНР, предупредил за какви било заговори оркестрирани од оние кои сакаат зло и странски авантуризам, кој би ја поткопал стабилноста и безбедност во ре