Државнoто јавно обвинителство на Еквадор го информираше адвокатот на Асанж дека досиејата, компјутерот, мобилните телефони и другите електронски уреди на ко-основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе бидат запленети на претресот во лондонската амбасада и испратени во САД, пренесува РТ.
Главниот уредник на Викиликс, Кристин Храфсон, неуспешно се обиде да ги врати личните работи на Асанж од Еквадорската амбасада во Лондон, каде што Асанж беше затворен скоро седум години пред неговото апсење и затворање минатиот месец. Сепак, владата на Еквадор, наводно, го одобрила барањето на САД за пристап до документите и електронските уреди што ги остави уредникот на „Викиликс“ откако беше уапсен на 11 април.
Претресот ќе бидат спроведен од полицијата на 20 мај, објави „Ел Паис“, наведувајќи го известувањето испратено до еквадроскиот адвокат на Асанж, Карлос Поведа.
САД во моментов градат случај за екстрадиција на Асанж по обвиненија за хакирање.
Личните досиеја на Асанж содржат чувствителни информации, вклучително и комуникација со адвокатите и други правни документи што, според адвокатите, му го одзема правото на соодветна одбрана. Имајќи ги предвид овие податоци, ќе им се овозможи на САД да изградат и да создадат нови обвиненија за екстрадиција на Асанж по кршењето на политикатаза азил на Еквадор.
„Веста за претстојното предавање дојде како гром од ведро небо за одбраната на Асанж. Откако Асанж ја напушти амбасадата, не можеме точно да знаеме што се случува во овие простории. Адвокатите побараа записи од CCTV за периодот по апсењето на Асанж“, рече Поведа , додавајќи дека е невозможно да се биде сигурен оти работите на Асанж во амбасадата веќе не се менуваат.
САД имаат рок до 12 јуни да изградат случај за екстрадиција. Минатата недела Асанж, кој отслужува 50-неделна затворска казна во затворот со максимално обезбедување и без право на ослободување со кауција, првпат се соочи со судија за екстрадиција.