На 13.05.2019 година во 01,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фрушкогорска“ во населба Ченто имало опожарено патничко возило. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Сопственикот на возилото не е пронајден.