Иран ги предупреди американските сили по трет пат во 72 часа да престанат со понатамошното влегување во Персискиот Залив, предвидувајќи катастрофални резултати ако не се повлечат, пренесува „Брејтбарт“.
Еден ирански свештеник предупреди дека групата за напад на „УСС Абранам Линколн“ што сега се собира во регионот може да биде уништена со леснотија.
„Нивната милијарди долари вредна флота може да биде уништена со еден проектил”, се вели во известувањето на ајатолахот Јусеф Табатабаи Неџад по петочната молитва во Исфахан, пренесе ИСНА .
Ова беше проследено со второ предупредување во саботата кога командант во иранската елитна Исламска револуционерна гарда изјави дека САД нема да се осмелат да почнат воена акција против Иран и предупреди на жестока реакција ако тоа се случи.
Јадолах Џавани, заменик-шефот за политички прашања на ИРГЦ, зборуваше откако американскиот државен секретар, Мајк Помпео, се закани со брз и решителен одговор на секој напад на Иран.
Во неделата беше издаденo третo предупредување од Иран, кога висок командант на ИРГЦ изјави дека американското воено присуство во Заливот некогаш претставувало сериозна закана, но сега претставува цел.
„Носач на авиони кој има носи 40 до 50 авиони и 6.000 војници беше сериозна закана за нас во минатото, но сега тој е цел и заканите се претворија во можности”, рече Амирали Хаџизаде, шеф на воздухопловното крило на гардата.
Засилено застрашувачките закани доаѓаат по најавата на Белата куќа минатата недела дека ќе испрати група за напади на „УСС Абрахам Линколн“ и бомбардери Б-52 во Персискиот Залив за да му се спротивстават на Техеран. Носачот во четвртокот помина низ Суецкиот Канал.
„Ангажирањето на групата за напади на УСС Абрахам Линколн и оперативната бомбашка единица се смета за промислен чекор како одговор на зголеменат иранска подготвеност да спроведе напади против американските сили и нашите интереси. Белата куќа не бара војна со иранскиот режим, но ќе ги браниме персоналот на САД, нашите сојузници и нашите интереси во регионот”, изјави портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс.