Малолетник загина во сообраќајка во Тетово

Малолетник загина во судир на два автомобила, вчера во Тетово, информираше МВР.

-На 12.05.2019 година околу 22.40 часот на крстосницата од улиците 160 и 161 во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „Рено“, управуван од тетовецот Б.Ш.(20) и автомобил „Ауди“ што го управувал В.З.(18) од Тетово.

На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во возилото „Ауди“, додека, пак, тешко повреден е вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово.

Поради сериозноста на повредите тој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави