Градските служби во Загреб имале денеска над 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од вчера.
Ветрот на подрачјето на Загреб во текот на целата ноќ и денеска рушеше стебла, реклами, корнеше покриви и делови од фасадите, пренесува „Индекс.хр“.
Улиците во Загреб биле прекриени со искорнати гранки, а забележани биле проблеми и со градскиот превоз.
На места имало и скршени семафори, а итните служби и пожарникарите интервенирале цел ден.
Полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат доколку не мораат.
Државниот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за речиси целата држава поради можноста за силен ветер и голема колична на дожд.