Полската влада ја откажа посетата на израелската делегација, бидејќи израелската влада направи промена во последен момент тврдејќи дека ќе се фокусираат на прашањето за враќање на поранешниот еврејски имот.
Темата за поранешниот еврејски имот во Полска е доста чувствително прашање за време на кампањата пред европските избори овој месец и националните избори на есен.
Во Полска, некогаш живееле 3,3 милиони Евреи, а повеќето беа убиени од нацистите за време на холокаустот во Втората светска војна.
Нивниот имот во голема мера беше ограбен од страна на Германците, а подоцна беше национализиран во комунистичкиот режим.
Некои еврејски организации бараат враќање на имотот.
Илјадници националисти маршираа во саботата во Варшава пред американската амбасада во знак на протест поради притисокот на САД врз Полска да го реши прашањето за враќање на имотот.
Полска беше окупирана од нацистичка Германија во Втората светска војна и имаше огромни материјални загуби.
Демонстрантите веруваат дека не е праведно Полска да им плати надоместок на еврејските жртви, бидејќи Полска никогаш не добила соодветен надоместок од Германија.