Обилни врнежи ги погодија американските градови Њу Орлеанс и Хјустон во американските сојузни држави Луизијана и Тексас, кои предизвикаа поплави, пренесе „Глас на Америка“.
Како што се наведува, поради обилните врнежи за време на викендот, поплавени се градските подрачја и тоа на помалку од еден месец, односно во пресрет на 1 јуни, кога почнува сезоната на урагани на Атлантскиот океан. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за материјална штета.