Мировниот договор на САД за Блискиот Исток вклучува наметнување на израелскиот закон за еврејските населби во окупираниот Западен Брег, на што Палестина нема да се согласи, пренесува РТ цитирајќи израелски ТВ-канал..
Повеќе од две години во изработка и заглавен во одложувања, мировниот договор на администрацијата на Трамп за Израел и Палестина конечно се очекува да биде обелоденет следниот месец. Со приближувањето на тој ден, делови од нацртот, обвиткан во дебел превез на тајност, беа обелоденети во медиумите, потврдувајќи ги општите очекувања дека наклонет во корист на Израел.
Последната информација објавена од Канал 12 во неделата укажува дека договорот предвидува спроведување на израелскиот граѓански закон во своите населби на Западниот Брег кои се сметаат за нелегални според меѓународното право.
Практиката на неконтролирана изградба на населби стана белег на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го стави прашањето за суверенитетот на Израел врз населбите на Западниот брег како една од клучните принципи на неговата предизборна кампања.
Новиот извештај е во линија со наводниот предлог-план, кој, наводно, од израелското Министерство за надворешни работи стигнал до израелскиот весник „Израел Хајом“ претходно неделава. Според нацртот, ќе биде воспоставена демилитаризирана држава „Нова Палестина”, а сите нелегални населби ќе бидат де факто анектирани од Тел Авив. Ерусалим, според нацрт-планот, треба да стане заеднички главен град на двете држави.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, веќе долго време посочува дека нема да потпише ниту еден договор кој не предвидува крај на израелската окупација и создавање суверена палестинска држава со Ерусалим како главен град.
Во Израел, левоориентираната опозиција протестира против предложениот ‘договор на векот’, велејќи дека неговата очигледна поддршка на тврдокорните политики на Нетанјаху не остава место за палестинска држава – или за мир. Од друга страна, некои десничарски пратеници, наводно, се незадоволни зашто договорот е преполн компромиси наместо целосно да го анектира Западниот Брег.
ОН продолжува да ги смета еврејските населби изградени на окупирана палестинска земја за нелегални според меѓународното право. Последниот состанок на Советот за безбедност на ОН за ова прашање се одржа во четвртокот, а палестинските и американските пратеници се конфронтираа околу ова прашање.
Говорејќи на состанокот, палестинскиот министер за надворешни работи, Риад ал Малки, рече дека предложениот договор не е мировен план, туку услови за предавање, додека американскиот претставник Џејсон Гринблат го обвини советот за анти-израелски предрасуди.