Меѓународниот филмски фестивал во Кан почнува утре и ќе трае до 25 мај. За Златна палма ќе се натпреварува 21 филм.
Фестивалот ќе го отвори филмот The Dead Don’t Die на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој во 1984 година ја доби Златната палма за филмот Stranger Than Paradise.
На фестивалот се очекуваат бројни ѕвезди, меѓу кои Квентин Тарантино, чиј филм е во трката за главна награда, како и Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Изабел Ипер и музичарите Иги Поп, Елтон Џон и Боно Вокс.
Великанот на француската кинематографија Ален Делон ќе ја прими почесната награда Златна палма за животно дело.
Американскиот актер Силвестер Сталоне, исто така, ќе биде дел од фестивалот на кој ќе бидат прикажани ексклузивни снимки од петтото продолжение на „Рамбо“ на специјална проекција како омаж за актерот.
Заштитно лице на фестивалот, со главен постер на влезот каде што ќе се одржува главната смотра, е француската режисерка Ањес Варда, која почина во март.
Главната награда ќе ја врачи жири комисија чиј претседател е мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту. Минатата година Златната палма ја доби филмот Shoplifters на јапонскиот режисер Хизоказу Корида.