(Видео) Првпат по несреќата, семејството на Шумахер ќе излезе пред камера

Легендарниот светски шампион во Формула 1 по страшната несреќа на скијање, кога тешко ја повреди главата, веќе пет години живее речиси во целосна изолација.
Семејната вила во која живее седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер е затворена за јавноста, барем до сега. Семејството на славниот возач одлучи да ги отвори портите на вилата поради снимањето на документарен филм за животот на големиот ас во Формула 1.

Германските режисери Михаел Вех и Бруно Камеретнс направија кинематографско дело со наслов „Шумахер“. Филмот е посветен на според многумина најдобриот возач на Формула 1 во историјата. Премиерата на филмот за популарниот Шуми е закажана за декември годинава.

https://youtu.be/gtQs9rc7AFs

Во документарниот филм ќе бидат опфатени различни аспекти од животот на Михаел, а мозаикот на сторијата е претставен преку визурата на таткото на Михаел, Ролф, сопругата Корина и децата Мик и Џина.

Семејството Шумахер во целост го поддржува документарниот филм. Во филмот ќе видиме неколку ретки интервјуа и досега невидени архивски снимки. Премиерата на филмот е планирана за 50. роденден на Михаел Шумахер и за 25-годишнината од неговиот прв триумф.

Пред пет години Михаел Шумахер на скијање на Француските Алпи удри во карпа и доживеа тешка повреда на главата. Цели шест месеци Шумахер беше во вештачка кома поради повеќекратните повреди на главата и на ‘рбетниот столб. Многу работи поврзани со неговата рехабилитација сè уште се држат во тајност, дури и во моментов не е познато во каква здравствена состојба е легендарниот шампион.

Треба да знаете
Последни објави