Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против Х.Ј. (47) од гостиварското село Ќафа и М.Р.(25) од Пеќин, Република Албанија кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела- разбојништво од член 237 став 1 и силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
-Настанот се случил на 31 декември 2018 година кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот, велат од ОЈО.
Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош.