Холивудската икона Дорис Деј почина вчера на 98-годишна возраст и додека светот жали за смртта на саканата актерка, на виделина излезе нејзината последна желба.
Фондацијата за права на животните која го носи нејзиното име објави дека актерката била опкружена од блиски пријатели за време на нејзината смрт и била во добра физичка состојба за нејзините години, сè до неодамна кога добила пневмонија.
Тие додадоа дека последната желба на починатата актерка била да нема погреб, како ни споменик на гробот.
Деј глумеше во филмовите од 50-тите и 60-тите години на минатиот век и беше едно од најпопуларните холивудски лица во историјата. Покрај тоа, голем успех имаше и како пејачка.
Таа сними повеќе од 50 филмови и 650 песни и никогаш не доби „Оскар“, но во колекцијата имаше две златни статуетки за оригинална музика во филмовите, за песните „Secret Love” и „Que Sera Sera“.
Дорис Деј се мажеше четири пати во текот на својот живот. Таа се разведе трипати, а еден сопруг ѝ почина во 1968 година.
Имаше само еден син што го надживеа. Продуцентот Тери Мелер почина од рак во 2004 година на возраст од 63 години.