Хуавеј подготвен да потпише договори за нешпионирање

Компанијата Хуавеј е подготвена да потпише договори за нешпионирање со владите, вклучително и британската Влада, изјави денеска претседателот на кинеската телекомуникациска компанија, Лианг Хуа.

САД им порача на сојузниците да не ја користат Хуавеј технологијата за изградба на новата 5Г телекомуникациски мрежи поради загриженоста дека истата би можела да биде средство за шпионирање. Компанијата ги негира таквите обвинувања.

– Ние сакаме да потпишеме договори за нешпионирање со владите, вклучително и британската Влада, да се посветиме на тоа нашата опрема да биде во согласност со стандардот на нешпионирање, без споредни врати, посочи Лианг во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави