Актерката Јана Лазар од Молдавија е победник на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019″
Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан” работена според текстот на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја, која пред битолската публика ја изведе Јана Лазар, според меѓународното жири остави најдобар впечаток и едногласно одлучи да ја доделни наградата Гран При.
Според востановената традиција, на феsтивалот на монодрама, жирито додели и награда за најдобра режија, а ја доби режисерката од Бугарија Невена Митева за монодрамата „Комедијантка”. Наградата за најдобар актер жирито му додели на Игор Ларин од Русија за монодрамата „Забелешка на покојникот”, додека награда од публиката доби монодрамата „Сé што сум премолчела” во изведба на актерката Миа Беговиќ од Хрватска.