Властите на округот Маскоги во Оклахома објавија дека доцна синоќа се забележани експлозија и пожар во фабриката за производство на хартија „Џорџија-Пацифик“ во истоимениот град во северниот дел на американската држава.
АП известува дека зградата била евакуирана и дека сите вработени во компанијата биле на број.
Исто така, властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат местото на несреќата.