Во рамки на на годинашниот XXXI Меѓународен саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории.
За наградите одлучуваше стручна комисија во состав проф. д-р Александар Прокопиев, претседател, проф. д-р Иван Џепароски, член, и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член. Добитници на наградитe се следниве книги и автори:
I. КАТЕГОРИЈА: Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми I. награда „АЛШАР (Светско природно наследство)“ – Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски, Иван Боев во издание на МАНУ – Скопје
II. награда
„Безразборна лабораторија“ од Влада Урошевиќ, во издание на ИК Магор од Скопје
II. КАТЕГОРИЈА: Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми I. награда „Поп-глам“ од Златко Глигоров, во издание на Пагома прес од Скопје
III. КАТЕГОРИЈА: Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми I. награда „Светот на Биби од А до Ш“, текст од Билјана С. Црвенковска, илустрации Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, во издание на Бибиленд II. награда „Илустрирани приказни од Шекспир“, уредник Ана Иванова, илустрации Ана Григорјев, во издание на Просветно дело од Скопје
III. награда „Среќен роденден“ од Ели Маказлиева, илустрации Игор Јовчевски, во издание на Едука мак од Скопје
IV. КАТЕГОРИЈА: Награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми: I. награда „Културен атлас на исламот“ од Исмаил Р. ел Фаруки и Лоис Ламија ел Фаруки, во издание на Логос-А од Скопје
II. награда „Белешки 88-014“ од Тихомир Стојков, во издание на Авант прес од Скопје V КАТЕГОРИЈА: Најдобар книжар меѓу двата саеми: Магдалена Стојмановиќ од издавачката куќа Икона од Скопје