Комбе се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, на аеродромот во Дортмунд, пишуваат германските медиуми.
Според „Билд“, Меркел пред инцидентот била во комбето и разговарала со жената која била зад воланот, која, најверојатно, од возбуда дека разговара со канцеларката, излегла од возилото и заборавила да ја крене рачната сопирачка.
Така, како што пишува „Билд“, комбето „рено“, без возач, удрило во авионот „бомбардер глобал 5000“ на германската влада.
Возилото го оштетило авионот, а во инцидентот што се случил вчера никој не е повреден. Со оглед на тоа дека авионот бил оштетен, Меркел морала да се врати во Берлин со хеликоптер.