Нема да ги поддржиме законите, затоа што нема да бидеме дел од оваа игра на владата, рече Јоргос Кумуцакос, пратеникот од Нова демократија кој е известувач за нацрт законите што произлегуваат од двата потпишани договори во Скопје за отворање на нови гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција кај Мајден и Маркова нога.
Кумуцакос, ги објасни причините зошто тие како партија ќе гласаат против. Расправата ја поврза со претстојните евроизбори, велејќи дека владата за внатрешни цели ги носи законите на 10 дена пред изборите и додаде дека “времето е лукаво, а планот мрачен”.
-Ги носите затоа што мислете дека ќе не заробите, рече Кумуцакос, обраќајќи и се на владата.
Пратеникот од Нова демократија истакна дека “не беше потребен Договорот од Преспа за да се отворат нови гранични премини”, бидејќи, како што рече “билатералните односи функционираа нормално и без Договорот од Преспа” и додаде дека тие сакаат добри билатерални односи со соседната земја, како што се покажало во изминатите години.
Кумуцакос испрати порака до Скопје да не биде соиграч во играта на грчата Влада, што не се однесува на билатералните односи.