Спортската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од јубилејниот петти полумаратон кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Настанот број еден во Охрид имаше успешна презентација и промоција пред учесниците на експото и самата трка која се одржа по улиците на градот.
,,Со организаторите на полумаратонот во Бања Лука разменавме искуства и мислења, што ќе биде добре дојдено за третото издание на Охрид трчаТ и за понатаму. Гости на полумаратонот имаше од сите трки од регионов и задоволство беше да се присустува и разговара со нив. – изјавија преставниците од Охрид трчаТ.Презентацијата на полумаратонот во Бања Лука беше трета за краток временски период на Охрид трчаТ. Атлетската манифестација од Охрид активно беше дел од полумаратоните во Мостар и Дубровник”, соопштија организаторите.
Охрид трчаТ ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни.