Пентагон подготви план за испраќање 120.000 војници на Блискиот Исток во случај Иран да одлучи го забрза развојот на нуклеарното оружје или да ги нападне американските сили, пренесува „Њујорк тајмс”.
Промените биле наложени од група предводена од советникот за безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, но не е јасно дали американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе врати толку многу американски војници назад на Блискиот Исток.
Големината на силите се вели шокирала многу учесници на брифингот бидејќи ист број војници биле вклучени во инвазијата во Ирак во 2003 година. Сепак, обновениот воен план не предвидува воена операција против Иран, за која ќе бидат потребни повеќе војници.
Тензиите во регионот во последно време се високи, а Вашингтон од неодамна тврди дека Иран ги напаѓа американските сили во Сирија и Ирак и е одговорен за стотици смртни случаи на американски војници. Во меѓувреме, минатиот месец, САД ја означија иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) терористичка организација.
Техеран истакна дека Вашингтон се обидува да изврши притисок врз Иран да преговара за неповолен договор откако Трамп во мај минатата година се повлече од ЈЦПОА, со кој се предвидува укинувањеа санкции против Иран во замена за мирнодобска нуклеарна програма на Иран. Вашингтон оттогаш ги врати санкциите за иранската економија.