Познати првите финалисти на Евровизија

Познати се првите десет претставници на финалната вечер на изборот на песна на Евровизијата, кои ќе им се приклучат на Германија, Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија и домаќинот Израел, кои директно се пласираат во финалето.

На првата полуфинална вечер која се одржа во Тел Авив во конкуренција на 17 држави најмногу гласови од публиката добија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Не се пласираа Црна Гора, Финска, Полска, Унгарија Белгија, Грузија и Португалија. Особено интересен настап имаа претставничките на Австралија.

Спектаклот го отвори Израелката Нет Барзилај, ланската победничка која приреди извонредна претстава со изведба на нова верзија на песната „Тoy”, која победи на Евровизија 2018 година во Португалија.

Нашата претставничка Тамара Тодевска ќе настапи во четврток на втората полуфинална вечер, во конкуренција на 18 држави.

Според обложувачниците, најголеми фаворити за освојување на првото место се Холандија, Русија, Швајцарија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави