Претставникот на Франција со прекрасен бел фустан го привлече вниманието на отворањето на Евросонг

Билал Хасани (19) ја претставува Франција на годинашниот Евросонг со песната „Roi”, а откако се пласира во натпреварувањето тој е еден од фаворитите. На отворањето на Евросонг во неделата, Билал се појави во раскошен бел фустан.

„Овој момент ќе остане засекогаш во моето сеќавање. Кога бев дете, се сеќавам дека се гледав во огледало и си замислував дека одам на црвениот килим. Како што растев, многумина ми кажаа дека тоа никогаш нема да се случи, бидејќи сум чуден, различен, и не го заслужувам тоа. Вчера одев на портокаловиот килим на Евросонг, со изгледот што го замислував“, се пофали Билал на социјалните мрежи.

По генерсалната проба, Билал се искачи на третото место на скалата на фаворити, а многумина веруваат дека тој ќе победи. Тој почна да пее на петгодишна возраст, а по освојувањето на „Дестинејшн Евровижн” на крајот од минатата година, магазинот „Тету“ го прогласи за икона на француската ЛГБТ -младина.

Текстот на евровизиската песна го напиша самиот Билал. Тоа беше негов начин на справување со „хејтерите“ што го нападнаа. Во 2017 година, тој призна дека е хомосексуалец и поради тоа добивал дури и смртни закани.

Треба да знаете
Последни објави