Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Државниот центар за пробни летови „Чкалов” во Ахтубинск, каде што му беа прикажани најнапредните радарски и ракетни системи и најсовремени авијациски технологии, вклучувајќи го и борбениот авион МиГ-31 со хиперсоничната ракета Кинджал.
Ловецот од петтата генерација Сухој-57, како и борбениот авион МиГ-35 и примероци на идните напредни беспилотни летала, беа меѓу изложените примери на воената авијациска индустрија.
Исто така, му беа презентирани и Сухој 35 и Сухој 30-СМ, напредниот пресретнувач МиГ-31БМ и МиГ-29К, кој моментно се користи во Руската морнарица, а се запозна и со радарските системи Каста 2-2В и системот за автоматска контрола Фундамент-М, како и радарот Валдаи, наменет за откривање и борба против беспилотни летала.
На рускиот претседател му беа претставени и антиракетните системи С-500 Витјаз и С-300В4, ракетните системи Панцир-С, панцир -СМ и Панцир-СА, како и противвоздушните ракетни комплекси Тор-М2 и Бук-М3.
Путин го посети најнапредниот воен хардвер заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-премиерот Јуриј Борисов, министерот за индустрија Денис Мантуров, претставници на одбранбената индустрија и други воени претставници.