Од ЈП „Македонија пат” информираат дека се изведуваат реконструции, надградби и санации на патиштата Синичане-Пирок-Врапчиште, како и на патниот правец А2 крак врска со Неготино.
Како што соопшти денеска Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) од 20. месецов на патниот правец Р2234 Јегуновце-Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт, а активностите ќе траат 30 дена.
Компанијата „Штрабах” врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово-Попова Шапка што ќе трае до крајот на годинава.
На местата на изведување на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација