На последната 135. редовна седница на Владата усвоена е предлог-одлуката за почнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Целта на постапката за доделување договор за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, како што пренесува владната прес-служба, е финансирање, дизајнирање, изградба на објектот, користење, управување и одржување на новиот објект сè со цел да се исполни целта на ЈПП и давање квалитетна услуга.
„Со овој модел на ЈПП приватниот партнер ќе биде одговорен за финансирање на дизајнот, финансирањето на изведбата на градбата, целосно опремување, управувањето и одржувањето на двете нови катни гаражи“, се додава во соопштението.