Мажите и настинката: Умираме, молете се за нас!

 

Никој од нас не сака да биде настинат или да има грип, ама мажите се посебна категорија. Многу често се зборува за оваа тема и тоа со причина. Мажите едноставно се однесуваат како да умираат и како никој претходно да не бил болен.

Затоа денес издвоивме неколку изјави на жени поврзани со нивните сопрузи и настинките и грипот.

„Мојот маж има грип… Со други зборови – умира. Ова е многу тешко време за нас. Молете се.“

„Јас сум во деветиот месец од бременоста. Мојот маж има настинка. Што мислите, кој повеќе се жали?“

„Мојот маж има грип, а тоа го знам затоа што, ене го, не престана да се жали во последните два часа. Ако грипот не го убие, мислам дека јас ќе го убијам.“

„Кога мојот маж е болен, бара да му правам супа и спие по цели денови. Кога јас сум болна, прашува што има за вечера и предлага да го чистиме подрумот.“

„Мислам дека мотото на сите мажи е: Не сум секогаш болен, ама кога ќе се разболам, сите мораат да патат заедно со мене.“

„Мојот маж денес не отиде на работа затоа што е болен. Се чувствувам како да имам 1000 бебиња.“

„Мојот маж има настинка, па следните 5-7 дена, животот ќе ми изгледа како епизода од „Grey’s Anatomy“.

„И двајцата имаме грип. Единствената разлика е што јас ја чистам кујната, а тој „умира“.“

„Мојот маж повеќе не е болен, ама ние сѐ уште разговараме за тоа колку бил болен пред неколку месеци.“

„Мојот маж денес има грип, па морам да одам до продавница и да му купам сладолед за да му го поправам расположението.“

Треба да знаете
Последни објави