Меѓународниот Балкански Универзитет Ве поканува на Панел дискусија на тема „Бизнис и дипломатија”.На темата ќе дискутираат Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН Македонија и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на РСМ и Исмаил Аљили, советник за надворешна политика на претседателот на Северна Македонија.Модератор на настанот ќе биде Снежана Билиќ, декан на Факултетот за економија на Меѓународниот Балкански Универзитет.