Четири лица загинаа во Судан доцна во понеделникот во насилството што избувна по договорот за политичка транзиција меѓу главната опозиција и воените владетели, кои рекоа дека нема да дозволат земјата да западне во хаос.
Еден полицаец и тројца демонстранти загинаа во Картум, а многу други беа повредени, објави државната телевизија.
Транзицискиот воен совет (TMC) ги обвини саботерите за ситуацијата. „Зад ова стојат групите кои…напорно работат да го попречат секој напредок во преговорите“.
ТМС рече во вторникот дека нема да дозволи безбедноста на граѓаните да биде загрозена. „Ниту (паравоените) сили за брза поддршка ниту армијата нема да испукаат ниту еден курпум кон нашите браќа кои протестираат, но повторуваме: не дозволуваме хаос“, се вели во нивното соопштение.
Демонстрантите рекоа дека контрареволуционерите поврзани со поранешниот режим на долгогодишниот претседател Омар ал-Башир го поттикнале насилството во понеделникот.
Опозицискиот сојуз и ТМК во понеделникот соопштија дека се согласиле на структура на моќта за транзицијата по отстранувањето и апсењето на Башир минатиот месец. И двете страни рекоа дека постигнале договор во однос на должностите и овластувањата на суверените, извршните и законодавните тела.