Синоќа во 23.40 часот на булеварот Борис Трајковски во Скопје се случила сообраќајка помеѓу камион „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј.(44) од Скопје и автомобил „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.
Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците во реното, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото.
Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.