Голден стејт пресилен за Портланд во првиот дуел од конференциското финале

Бранителот на трофејот Голден стејт рано утрово забележа убедлив триумф над Портланд во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во НБА-лигата. „Воините” ноќеска славеа со 116:94 за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.

Стеф Кари со 36 и Клеј Томпсон со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим. Кај Портланд се истакна Лилард со 19 поени.

Вториот меч од финалето во Западната конференција на распоредот е на 17 мај повторно на теренот на ГС.

За вечер во 2:30 по полноќ е закажан стартот на финалната серија во Источната конференција. На првиот дуел Милвоки ќе му биде домаќин на Торонто. 

Треба да знаете
Последни објави