Овој моќен зачин е богат со антиоксиданти, магнезиум, витамин А и Ц, а во комбинација со вода прави неверојатни чуда за нашето здравје.
Куминот е зачин со чудесно дејство на организмот, но и севкупното здравје. Тој го јакне имунолошкиот систем, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, но и гасовите. Исто така, ги смирува воспалителните процеси во организмот, како и болката, а е одличен борец против тврдата столица и вишокот килограми.
Во ајурведата тој се користи за женското репродуктивно здравје, здрава матка, но и поттикнување на лактацијата во текот на доењето. Овој магичен зачин делува на здравјето на кожата, ја намалува иритацијата и сите воспалителни процеси.
Сепак, вистинско чудо се случува кога ќе го измешате со вода. Препораката е да пиете чај или вода со кумин и за оралното здравје. Тој го отстранува лошиот здив, но и ги смирува сите воспалителни дејства кај забите, непцата и грлото.
Како да го подготвите магичниот напиток?
Измешајте 2 лажици мелен кумин и потопете ги со чаша вода да отстојат во текот на ноќта. Пијте го секое утро на празен желудник. На тој начин, со неговото редовно конзумирање ќе се ослободите и од маснотиите, а варењето ќе функционира одлично.