Вистинското време за раѓање дете е работа на личен избор, но сега и научно е потврдено кои години се најдобри за тоа. Додека едни велат дека е подобро да родите дете во 20-тите години, други советуваат дека е добро да раѓате и на 40 години. Меѓутоа, здравствените проблеми се лоша страна и на едните и на другите години, истакнуваат научниците.
Според резултатите на студијата на д-р Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, совршената возраст за раѓање е на 34 години.
„Во ова животно доба жените се оптимално здрави и подготвени за бременост“, вели докторот, кој до резултатот дошол на основа на разговор со 1.800 мајки, поставувајќи им прашања за моменталната здравствена состојба.
Други експерти се сложуваат со неговиот заклучок, додавајќи дека жените на оваа возраст имаат идеална количина на енергија и доволно се зрели и одговорни за растење дете. Исто така, кога станува збор за финансиите, тие се финансиски постабилни и во здрави емоционални врски.