Во Македонскиот културен центар-МКЦ поладне ќе се одржи промоција на книгата за деца „Во светот на децата” од Габриела Точко.
Книгата содржи 36 детски песнички, од кои еден дел се модерни и во чекор со времето, а еден дел имаат поучна тематика и опфаќаат животни вредности кои треба да се почитуваат.
Ова е прва книга на Габриела Точко, долгогодишна новинарка во МИА. Идејата за промовирање на стихозбирката е сосема поинаква од досегашните. Во создавањето на книгата и нејзината промоција се вклучени единствено децата, кои на еден оригинален начин ќе им претстават дел од песничките на присутните гости.
Промоцијата ќе започне во 18 часот во просториите на Детскиот креативен центар при МКЦ.