Четорица биле лесно повредени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на булеварот Трета Македонска бригада кај средното поштенско училиште, информираат од МВР.
Сите четворица по укааната помош биле пуштени на домашно лекување.
Несреќата се случила околу 23 часот кога се судриле четири автомобили- „фиат пунто“, „ауди А6“, „рено лагуна“ и „фолксваген шаран“.