Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” сопшти дека објави јавен оглас за прием на 60 слушатели на новата, VII генерација на почетна обука.
Јавниот оглас е објавен во Службен весник, во дневните весници „Нова Македонија” и „Лајм”, на огласната табла и на интернет страницата на Академијата.
Рокот за пријавување на јавниот оглас е 15 дена, сметано од денот на неговото објавување во Службен весник.