Во населбата Бетина во Хрватска e забележана таканаречената компас медуза за која експертите предупредуваат дека не треба да се допре воопшто, бидејќи допирот на ова животно може да предизвика печење и тешки изгореници.
Компас медузата (Crysaora hysoscella) е вид кој живее во крајбрежните води на Атлантскиот Океан и Средоземното Море, а исто така се појавува во близина на брегот на Велика Британија, Ирска и Турција.
За оваа медуза е карактеристично што наликува на компас и може да порасне до 30 сантиметри во дијаметар, а пипките до еден метар должина.
Овој тип на медуза има 24 пипки поделени во три групи од по осум, и тие се движат главно со помош на морски струи, според Klix.ba .
Се претпоставува дека компас медузата најчесто умира пред да наврши една година.
Тие се хранат со зоопланктон, а природни непријатели им се морските желки и некои видови риби.