На крајот од сезоната на Премиер Лигата, раководството на Манчестер Јунајтед објави дека клубот се разделува со Андер Ерера. Шпанскиот фудбалер играше пет сезони на „Олд Трафорд”, а според медиумите во Франција, тој ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Сега во Франција откриваат и уште некои детали околу зделката на Ерера со шампионот на Лига 1. Шпанскиот играч успеал да се договори со ПСЖ за плата од 300.000 фунти неделно. Тоа значи дека тој ќе зема околу три пати повеќе пари отколку во Јунајтед, каде што заработуваше 130.000 фунти неделно.
Раководството на Манчестер Јунајтед сакаше да го задржи играчот. Неколку пати му беше понуден нов договор, но тој не беше ни блиску до она што го нуделе од ПСЖ.