Во првото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5,9 отсто во однос на истиот период лани. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12,5 проценти, а кај продажбата од сопствено производство има намалување од 8,9 отсто.
Според Државниот завод за статистика, зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, млекото и рибата, а намалување кај фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување вофевруари, додека во јануари и март е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.