На сите им недостасува мотивација кога е вежбањето во прашање, а ние ви донесуваме неколку совети како успешно да го решите.
Кога зборуваме за вежбање, секој од нас го чека оној клучен ден во кој целосно ќе свртите новата животна страница. Така секогаш го чекаме оној клучниот понеделник или први од месецот за да во вашиот распоред рангирате активности кои се многу потребни за телото, но покрај цврстата одлука, тренингот и организираната исхрана, без мотивација многу е тешко да се постигнат саканите резултати.
Важно е да пронајдете рамнотежа која ќе одговара на вас и вашиот распоред, па дури и ако станува збор за тренинзи еднаш неделно или за замена на омилената чоколада со јаболко. Секоја позитивна промена која сте ја направиле треба да ја поддржите и да се чувствувате задоволни поради неа, а не размислувајќи за тоа што би можеле повеќе и подобро бидејќи таквиот деструктивен пристап само ќе ја намали вашата мотивација да продолжите со промените. Што е уште поважно е да престанете да се оправдувате на другите зошто нешто сакате да работите. Чест е случајот околината да биде демотивирана кога се во прашање таквите позитивни промени, па секогаш сетете се дека на тој пат сте тргнале поради себе си и пред се поради вашето здравје. Исто така одличен начин кој секогаш ве мотивира е бележење на постигнатите резултати. Тоа можете да го направите со запишување на одредени цели кои периодично ги исполнувате или пак ги забележувате постигнатите промени со фотографија. Така секогаш ќе можете да се потсетите колку сте стигнале и сепак не е вредно откажувањето!